Колку куркума дневно ни треба за добро здравје

Познати се предностите на куркумата, нејзината главна состојка е куркуминот кој има над 150 лековити делувања, но и антиоксидативни и антиканцерогени делувања. Сепак, треба да бидеме сигурни како правилно да ја користиме во секојдневието.

При изборот, одлучете се за природна куркума во прав, лесно се наоѓа и лесно се дозира.

Куркумата се топи во масло, па треба прво да ја растопите во маслиново или кокосово масло. Таквото масло може да ви послужи како прелив на салатите или приготвената храна.

Дневната препорачлива доза на куркума изнесува 3 до 10 грама. Тоа значи од прилика една лажичка дневно за возрасни. За максимално да ги искористите потенцијалите од куркумата треба да ја користите секојдневно или најмалку 4 пати во неделата.

Старите лица и децата под 16 години треба да ја намалат дозата на половина лажичка куркума дневно.

Доколку куркумата не ја конзумирате со маслиново или кокосово масло, наутро направете сок од куркума на тој начин што ќе исцедите половина лимон во чаша, ќе додадете 200 милилитри топла вода, пола лажичка куркума и една лажичка органски мед.

Куркумата е вкусна ако се конзумира и како салата. Подгответе ја салатата со куркума на тој начин што ќе запржите 100 грама сусам, а потоа ќе го помешате со 150 мл мајонез, 2 лажици куркума, 500 грама несолена урда и 1 лажиче сол.

 

x

Check Also

Суперхрана која треба да ја јадете и суперкоктели кои треба да ги пиете

Колку пати сте си дале ветување дека ќе се „фрлите“ на здрав ...