Колку милиони Ким Кардашијан заработила во 2018

Од раѓањето на нејзиното трето дете, Чикаго Вест, со подемот на нејзината козметичка империја, Ким Кардашијан очигледно нема намера да забави. На почетокот на годината се најде на насловната страница на списанието Форбс каде зборуваше за своите бројни деловни потфати. Со сите тие обврски, може да се запрашаме колку всушност „тежи“ Ким.

KKW Beauty, нејзината козметичка империја, заработила 100 милиони долари од продажба во текот на 2018 година, а единствен сопственик е Ким. Нејзината мобилна апликација Ким Кардашијан-Холивуд заработила 45 милиони долари во изминатата година, а според некои извори Кардашијан заработила лани околу 20 милиони долари за појавување во реалити шоуто Keeping up With the Kardashians.

Покрај овие ангажмани, таа има и рекламни договори, кампањи и бројни други проекти.

На почетокот на 2018, Ким добила 1 милион долари за една Инстаграм објава, а во текот на годината продаде и купи повеќе имоти, а од продажбата на својата вила на Бел Ер заработила речиси 9 милиони долари.

Кога се тоа ќе го собереме, одземеме, помножиме и поделиме, доаѓаме до годишна заработувачка од 350 милиони долари. Нејзиниот сопруг пак, Канје Вест, заработил околу 160 милиони долари, што значи како пар заработила 510 милиони долари.

x

Check Also

Ирина Шаик со ќеркичката дотерани во исти „Burberry“ фустанчиња

По разделбата со глумецот Бредли Купер, рускиот топ модел Ирина Шаик не ...