Колку плаќаат славните брендови за да бидат дел од филмот со Џејмс Бонд?

Од Хаиникен до Белведере, брендовите плаќаат огромни суми за да бидат дел од филмовите со Џејмс Бонд.

Џејмс Бонд сака мартини, но Хаиникен сакаат да знаете дека тој понекогаш ужива и во пиво. Холандската пивара не е единствена во оваа приказна. Бројни луксузни брендови даваат милиони за да бидат дел од новиот Џејмс Бонд филм, односно дел од 25-от филм за прославениот таен агент. Францускиот шампањ Мезон Болингер наводно платил 12, 8 милиони долари за да го обнови својот договор, за токму тој пијалок Бонд да го пие кога не го спасува светот. Наводно, Хаиникенд платиле 36 милиони долари за да бидат дел од последното филмско оставрување за Џејмс Бонд, а продавале за таа пригода и ограничена едиција на 007 шишиња пиво.

Меѓу бреновите кои ја имаат честа да бидат дел од светот на Бонд се и Омега и Астон Мартин. Од нив вкупно околу 97 милиони долари биле платени за филмот во кој главната улога (веќе е потврдено) повторно ќе ја има Даниел Крег.

И ова не е ништо ново – уште од најраните филмови, Бонд привлекуваше внимание со костумите од луксузната италијанска марка Бриони, па преку Том Форд до Ролекс и Омега часовниците.

Годинава Бонд е во знакот на еколошката средина па во следниот филм славниот агент ќе вози електричен Астон Мартин. Сличен модел на Астон Мартин ќе ве чини над 250.000 долари.

x

Check Also

Избрани мажите на годината за 2019 година

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година   Мислав Галер ...