Колку вода ни треба пред, за време и после фитнес тренинг

Додека последниот оброк треба да биде два до дваипол часа пред тренингот, вода треба да продолжиме да пиеме „слушајќи“ го чувството за жед. Најдобро е да се пие постојано, но по малку. 

Познато е дека без доволно вода во телото не можеме да го извлечеме максимумот од фитнес тренингот. За време на тренингот секогаш треба да носиме шишенце со вода од кое ќе пиеме често, по малку.

voda 11

Студијата објавена во списанието „Спортска медицина“ дошла до заклучок дека добро хидрираното тело ја поткрева снагата за 3 отсто, а интензитетот на издржливост дури за 10 отсто. Оттука, едно од најважните правила е да се испие 250 мл вода 30 минути пред тренингот. Потоа, треба да се потрудиме да испиеме уште 500 мл вода за време на тренингот, поточно до 30 минути пред крајот на тренингот.

Според истражувањето, околу 500 мл вода во текот на 1-часовен тренинг е најразумна количина. Но, ако практикуваме дури и умерен тренинг во траење од 90 минути (час и половина) тогаш само оваа количина на вода не е доволна, туку потребен е и енергетски пијалок (спортски пијалок богат со електролити). Од друга страна пак, при понапорен тренинг пиењето на литро вода без внес на електролити може да биде штетно.

После фитнес тренингот водата повторно е задолжителна, но тогаш е потребно во неа да има малку и шеќер. Затоа природниот сок (лимонадата) е најдобар пијалак после физичка активност.

 

x

Check Also

Возењето велосипед е нешто најблиску до летањето – 16 јули светски ден на велосипедизмот

Робин Вилијамс на прашање од wall street journal зошто толку многу сака ...