Колку време реално ни е потребно за да „извајаме“ ново тело

Брзото слабеење на начин на кој добар дел од луѓето си го замислуваат, едноставно не е возможно, освен ако под поимот „брзо“ подразбираме 1 кг неделно. Не постои направа, апче, посебна диета, вежба што ќе ни овозможи брзо да ослабнеме на сигурен и здрав начин.

Која е идеална брзина на слабеењето?

Идеалната брзина на слабеењето е меѓу 250 -1000 грама неделно. Ако имате повеќе масни наслаги, побрзо ќе ги загубите, додека ако имате помалку масни наслаги – слабеењето ќе оди побавно. Ако се обидувате да слабеете побрзо од ваквото темпо, ќе бидете во екстремен калоријски дефицит, ќе се чувствувате изгладнето, несреќно, уморно, а да не зборуваме за губењето на мускулната маса. Од друга страна пак, брзината на слабеење од околу 250 до 1000 грама неделно е многу едноставно изводлива, но должината на траењето на ваквите успешни диети е секако многу подолго отколку што си замислувате.

Престанете да се обидувате брзо да ослабнете, туку само слабејте!

Додека сите сакаат брзо да ослабнат, тажната вистина е дека не можат да го постигнат резултатот толку брзо колку што си замислиле. Па така, целото време и пари кои ќе ги вложите на брзо слабеење се едноставно пропаднати. Само половина од тоа време и труд да сте го вложеле во правилен начин на исхрана и вежбање, до сега ќе бевте слаби.

Слабеењето е едноставна математика

Губењето на килограми е едноставна математичка формула – треба да потрошите повеќе калории отколку што ќе изедете. Нутриционистите препорачуваат да создадете дефицит од 500 калории на ден, комбинирајќи намален внес на калории и зголемена физичка активност. После една недела тоа би требало да ни донесе загуба од 0,3 до 0,5 кг масти.

Ако сакате да ослабнете побрзо, значи треба да јадете помалку и да вежбате повеќе. Долна граница на енергетски внес на калории дневно е 1.200 калории (со помалку калории дневно би си наштетиле на здравјето) и еден час вежбање. Со ваков план може да очекувате губење на околу 1,2 кг во првата недела, односно до 2,3 килограми неделно за оние кои тежат над 100-на килограми. Кој се држи до овој план ќе намали 0,8 кг неделно благодарение на намалениот внес на калории и уште околу 0,4 кг благодарение на вежбањето.

x

Check Also

Шестдневна постпразнична диета со јајца

Диетата со јајца се држи шест дена или пак двапати по шест ...