Колоритна, модерна и удобна е новата колекција на чевли и патики од GEOX

GEOX ни ја носи пролетта со живописната колекција на патики и чевли кои зрачат со италијански шарм, а при тоа се многу удобни за носење.

 

GEOX NEBULA

Широк е спектарот на модели – од отворени сандали до салонки со дебела потпетица, од кожа или од велур со средно-ниска потпетица до мокасини и патики – за да одговорат на потребите на секоја жена во секаква пригода.

Популарниот модел на патики „Небула“ сега е достапен во бои со поп-стил, како виолетовата, портокаловата и жолтата, направени со врвна технологија и висококвалитетни материјали кои гарантираат удобност и дишење на стапалото.

Новите сандали GEOX  се вистински празник за очите, особено оние со дизајни во две бои. И играта на боите е неслучајно одбрана – комбинација од живописните трендовски нијанси кои сепак, не не ограничуваат во модните комбинирања со останатите парчиња гардероба.

Благодарение на стабилната, дебела потпетица, со ваквите сандали може да се движиме лесно низ гратските улици, комбинирајќи ги со цветни или шарени фустанчиња, а подеднакво лесно ги носиме со „построги“ костуми соодветни за работното место.

Чевлите GEOX имаат одговор за сите вкусови. Доволно се класични и елегантни за да ги облечеме со модерни панталони, а подеднакво се прилагодливи на џинс комбинациите (особено оние со пониска потпетица) за да ги облечеме за неформални излегувања. Боите се неутрални, кожата е комбинирана, а дизајните гарантираат удобност.

Оние пак,кои преферираат да уживаат во модната пролет/лето 2017 на рамни чевли, секако ќе им се допадне моделот во „nude“ нијанса со ресички и ремче, поткренат кај петицата за да даде убава дефиниција на ногата.

Сите модели од GEOX се достапни во продажба во брендираната продавница GEOX во Скопје Сити мол.

x

Check Also

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на Балканскиот рис

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат ...