Колоритни модни изгледи од Massimo Dutti: Предност имаат зелената и жолтата нијанса!

Моделката Еби Шампион позира за новата летна колекција на Massimo Dutti насловена Sorbet Check.

Тренди водичот е фотографиран од Миша Тејлор, а пред неговиот објектив убавицата позира во релаксирачки модни комбинации прикладни за сезоната на годишни одмори.

Во колекцијата доминираат долгите здолништа, кошула-фустаните, кошулите кои се врзуваат со панделка, и панталони со широки ногарки.

За комплитирање на модерен моден изглед, тука се слип-сандалите и кожените чанти. Од палетата на бои пак доминират силно зелената и жолтата нијанса.

Во продолжение, погледнете дел од колекцијата.

x

Check Also

Нов тренд водич на MANGO: ACE YOUR GAME 2021 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Манго го следи атлетскиот тренд со неодамнешниот моден водич наречен: Ace Your ...