Комбинација на намирици кои ќе ве изненадат

Некои од овие комбинации се познати, некои помалку познати, ама нема да се покаете доколку некои од нив ги испробате и сами.

Морков и шеќер – додавање на шеќер во зеленчукот изгледа на чудна пракса, но шеќерот ја истакнува аромата на морковот и како резултат ќе добиете јадење со извонреден вкус и интензивна боја.

Кафе и сол – додадете прстофат сол во кафето и аромата на кафето ќе блесне во полн сјај. Овој трик се употребува речиси во сите јадења, вклучувајќи ги и слатките.

Домат и шеќер – доматот е кисел, па додавањето на сол не го подобрува вкусот. Наместо тоа, додадете малку шеќер и фактот дека доматот е овошје ќе излезе на површина.

Кафе и чоколада – кога правите колачи, со чоколадото додадете и малку кафе, вкусот на чоколадата ќе се истакне, а кафето нема да се почувствува.

Јаболко и ванила – јаболките по природа се кисели и бараат шеќер при варење. Поголем дел од луѓето додаваат цимет на јадењата со јаболко, но ванилата на тие јадења им додава нота на која никој нема да остане имун.

Јагоди и бибер – свежи јагоди обично се сервираат со шеќер, но со додавање на ситно мелен бибер уште повеќе ќе се истакне полниот вкус на ова прекрасно пролетно овошје.

x

Check Also

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение ...