Комбинирање на трендовски бои за пролет/лето 2020

Пролетта полека се приближува и веќе почнуваме да сонуваме за шарени и супер-трендовски облеки. Се прашувате кои бои ќе доминираат? И како да ги искомбинирате?

На облеката и на шминката боите на пролетта се секогаш најочекувани. Еве неколку совети за тоа кои ќе бидат победничките бои во следната сезона и како да се „носат“.

Студените и топлите бои се совршено измешани

Пролетни/летни бои се пастелните нијанси. Точно! Но, не апсолутно! Всушност, топлите бои како портокалова, нијанса на цимет или кедар ќе бидат многу модерни во наредната сезона. Важно е да се направи вистинската мешавина и да се игра итро, со избирање на топли и ладни нијанси што нам ни одговараат најдобро. Не ја потценувајте неутралноста на пастелните бои: тие се совршени да се помешаат заедно во креирање на супершик и шарен изглед!

Ако, од друга страна, изберете комбинација од модни парчиња на кои доминираат топлите бои (на пример, црвена, жолта, портокалова), не заборавајте да ги изладите тоновите со пастелни детали, односно со модни додатоци, како што се сандалите, чантата или обетките во сина, виолетова или зелена нијанса.

x

Check Also

Топ 5 видеа за оригами, одлична забава и за децата во изолација

Барате креативна забава во периодот на домашна изолација? Или забава за вашите ...