Компир пире потпечено во рерна

Веројатно компир-пирето сте го пробале на различни начини, со сенф, со сирење и со други додатоци, но вакво задоволство претпоставуваме дека не сте дегустирале. А, требате.

Овој совршен прилог направете го навечер или рано наутро, зашто добро е да отстои неколку часа во фрижидер пред да го послужите.

Намирници – 2 кг компир, 250 грама кисела павлака, 200 грама крем сирење, 1 лажичка сол, четвртина лажичка црн пипер, 1 парченце лук, 1 лажица растопен путер и половина лажичка црвен пипер.

Подготовка

Варете ги компирите во солена вода околу 20-на минути. Помешајте ја павлаката со сирењето и додадете сол, црн пипер и исечкан лук, потоа додадете го и компирот и направете пире. Кога ќе ја добиете посакуваната текстура префрлете ја во сад за печење, покријте со фолија и оставете ја во фрижидер неколку часа.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Претурете го растопениот путер врз компирот и наросете црвен пипер. Печете околу половина час. Послужете веднаш.

x

Check Also

Американска пита од тиква

Американската пита од тиква во САД и Канада особено се подготвува за ...