Компир пире со крем сирење потпечено во тавче

Ваково задоволство до сега не сте пробале.

Овој совршен прилог направете го навечер или рано наутро, зашто добро е да отстои неколку часа во фрижидер пред да го послужите.

Намирници – 2 кг компир, 250 грама кисела павлака, 200 грама крем сирење, 1 лажичка сол, четвртина лажичка црн пипер, 1 парченце лук, 1 лажица растопен путер и половина лажичка црвен пипер.

Подготовка

Варете ги компирите во солена вода околу 20-на минути. Помешајте ја павлаката со сирењето и додадете сол, црн пипер и исечкан лук, потоа додадете го и компирот и направете пире. Кога ќе ја добиете посакуваната текстура префрлете ја во сад за печење, покријте со фолија и оставете ја во фрижидер неколку часа.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Претурете го растопениот путер врз компирот и наросете црвен пипер. Печете околу половина час.

x

Check Also

Зошто ни е потребно железо?

Железото е есенцијално за сите клетки во организмот. Примарната функција на железото ...