Компир салата со туна и праз, ммм…

Подгответе ја компир салатата на поинаков и оригинален начин. 

Потребни намирници – 1 кг компир, 2 големи конзерви туна (во парчиња), 1 поголем праз (или два помали), 10-на кисели краставички, 300 грама пмајонез, сол и црн пипер.

Подготовка

Измијте го и сварете го компирот без да го лупите. Потоа излупете го и исечкајте го на коцкички. Празот исечкајте го на кругчиња, малку посолете, па оставете го кратко да отстои дури пушти малку сок. Пред да го измешате со останатите состојки, добро исцедете го. Краставичките исечкајте ги на ситни коцки. Сите состојки соединете ги, па додавајте малку по малку мајонез. На крајот посолете по вкус, наросете малку црн пипер и се добро измешајте.

x

Check Also

Панфорте, прекрасни колачиња по италијански рецепт

Прекрасен италијански посен колач кој дава свечена нота на трпезата. Потребни намирници ...