Комплексот „Ветрило“ е подготвен да ги прими своите први станари

Сите се бориме со жештините во лето, маглите во зима, константните гужви и брзиот тек во градските џунгли. Затоа после напорен ден најмногу ни е потребен мир и спокој, во тивка и чиста околина. Токму таква населба е Сопиште која е оддалечена на само 7 километри од центарот на Скопје. Има поволна географска положба, пред сè поради непосредната близина на Скопје. Сопиште е ридска населба расположена на југоисточната падина на планината Водно на надморска височина од 540 метри. Се карактеризира со преод меѓу умерено-континентална и планинска клима, помали температурни осцилации, поголеми врнежи, поинтензивно осончување и мала честина на магли. Значаен дел од општината е под шума (40%).

Звучи идеално, нели? Затоа што е.

Има ли поидеална местоположба и услови за вашето ново, мирно и беспрекорно домување? Тоа се причините за на оваа локација да се роди Ветрило, новата надеж на скопјани кои се желни за тишина, мир и чист воздух.

Модерниот, еколошки станбен комплекс Ветрило го добива замислениот финален изглед.
Првите 8 станбени објекти се комплетно завршeни, а деновиве е завршена и улицата помеѓу нив, како и партерното уредување. Сé е спремно така што првите жители на Ветрило, брзо се очекува да се вселат. Има уште неколку објекти, кои се нудат по навистина поволна промотивна цена од само 755€  со вклучен ДДВ по м2 (редовна цена 890€) ова е цена која не вклучува санитарии, подни плочки, подни облоги и внатрешни врати). Можност да бидете сам свој маjстор и да дадете придонес во оплеменувањето на Вашето домување.


Куќи кои со својата местоположба се со поглед према исток, југ и југо запад, на локација која е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени и да имаат постојана проветреност, природна светлина и убав поглед кон околните планини.

Сите куќи се на два ката, од 103 до 118 м², модерно дизајнирани со плански осмислен простор, по Фенг Шуи филозофија, а прилагодени на потребите на секој член во семејството.
Во приземјето се сместени дневна соба со отворен план, кујна со трпезарија и гостинско купатило, додека на катот се сместени 3 спални соби со 2 бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движи од 160-240 м², што е доволен простор за рекреација, и активности на отворено. Еден од главните адути на објектите се кровните тараси со големина од 50-60  м2.


Во изградбата се користени високо квалитетни материјали од реномирани производители, обезбедена е перфектна звучна и термичка изолација, а објектот има статика која е сеизмички проверена и има позитивно мислење од институтот за сеизмологија во Скопје.

Комплексот го гради друштвото за градежништво, проектирање и инженеринг ИНТЕРСОФТ ЛТД Скопје, компанија со изграден имиџ и докажан квалитет на пазарот од 20 години, која веќе ја започна и втората фаза од изградбата на овој семеен комплекс.

Вложете уште денес и препуштете се во благодетите на дом кој е во природа. Нека вашите деца растат подалеку од смог и прашина. Недвижниот имот е секогаш паметна инвестиција, која со време добива се поголема материјална вредност.  А вие уживате во сите нејзини придобивки стартувајќи од  денес.
Закажете состанок и информирајте се од прва рака +389 78 39 36 39

Прашања можете да поставите и преку фејсбук фан страната, преку веб страната www.intersoft.com.mk и е-маил info@intersoft.com.mk

 

 

 

x

Check Also

По овие лакирани чизми спобудалеа девојките

Кратки, лакирани и со висока тенка потпетица – лакираните чизмички ги освоија ...