Концерти, попусти, турнири, бесплатни коктели и многу забава за 4-от роденден на Скопје Сити Мол

Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден со големи попусти во локалите, многу музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и ДЈ како и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол ќе може да уживате во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот. Нејзе и претходат со свој настап култните Нокаут од 18.30 часот, но авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.

Дополнително Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското издание на City Mall магазинот од посетителите кои ќе бидат на 1ви во Скопје Сити Мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.

key-visual_birthday

Вечерта на 1 октомври ќе се одржи и финалето од квалификациониот турнир во боулинг за избор на преставник на Македонија на 52 QubicaAMF Bowling World Cup, што оваа година ќе се одржи во Шангај, Кина во периодот од 14 – 23 октомври. Квалификации веќе втора година по ред се во организација на клубот „БО БОУЛИНГ“ (Bo Bowling).

Скопје сити мол одново потврдува дека е најмаркантен градски симбол и урбан топоним, едно од моќните модни жаришта што ја поддржува и ја унапредува таа позната скопска потреба од  „живеење со многу салтанати“.

 

x

Check Also

Мрзлив викенд е да си шопингуваш од дома преку апликација на -15%

Недела е прекрасен ден да си бидете дома, да си уживате сами, ...