Контроверзната Exquisite кампања на Гучи (GUCCI)

Гучи повторно изненади со несекојдневна и малку бизарна кампања.
За кампањата Exquisite, Гучи ги искористи легендарните сцени од филмовите на режисерот Стенли Кјубрик. Со тоа Гучи му одаде големо признание и изрази огромна почит кон Кјубрик.
А како се вклопуваат креациите на Гучи, меѓу кои и колекцијата Адидас Х Гучи (Adidas X GUCCI), во морничавите сцени од филмовите на легендарниот режисер, пресудете сами.
Модното видео е снимено од страна на долгогодишните соработници Мерт&Маркус, креативен директор е Алесандро Микеле, а ангажирана е и Милена Канонеро, костимографка долгогодишна соработничка на Кјубрик.
Филмовите кои се земени како инспирација, а чии легендарни сцени се извонредно прецизно ископирани, се: 2001:Одисеја во вселената (2001: A Space Odyssey), Сјаење (The Shining), Пеколен портокал (A Clockwork Orange), Бери Линдон (Barry Lyndon) и Очи широко затворени (Eyes Wide Shut).
x

Check Also

Жито Лукс донира 750 килограми брашно во СОС Детско село

Жито Лукс донираше 750 килограми брашно во СОС Детско село и даруваше ...