КОНЦЕРТ НА ДИНО ИМЕРИ ВО МКЦ

Дино Имери е веќе етаблирано име на домашната сцена, која третира класична музика. Релативно млад, има само 30 години, а веќе важи за еден од водечките и врвни пијанисти, кој редовно може да го следите на репертоарот на Македонската филхармонија, но и како гостин на странски реномирани куќи. Неговиот труд и посветеност резултираат со постојан развој, па оттука и здравата амбиција за пишување сопствена музика. Всушност, преку ова издание за ПМГЏЕЗ, сведочиме за неговата трансформација од фантастичен изведувач во извонредно потентен композитор. „Рефлексии“ е негово прво издадено авторско дело, кое веднаш плени со својата кротка флуидност и паметна убавина. Медитативна потрага по сопствен израз, познати и непознати улици и сето тоа без претерана дистанца, отворен за комуникација со слушателот.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Влезот за публика е во 19:30, концертот почнува точно во 20:00 .

x

Check Also

Како најлесно да станете милионер?

Што би направиле ако добиете милион денари? Секој човек барем еднаш во ...