Кориолус-МРЛ ефективен додаток за третман на ХПВ-инфекција

Габата Coriolus versicolor е основна кога станува збор за борба против вируси и канцер. Од лековитите габи, оваа е најзастапена во нашата земја. Оваа габа е една од најиспитуваните за своите својства.

Габата Coriolus versicolor

Современата наука го откри Кориолусот околу 1965 година. Еден инжењер по хемија, кој работел за хемиската индустрија Куреха, го набљудувал својот сосед кој се обидувал сам да се излечи од рак на стомакот откако сите болници го одбиле како пациент. Човекот се свртел кон традиционалната медицина и почнал да пие чај од Кориолус. Пиел чај неколку месеци и за чудо, сам се излечил. Инжењерот бил заинтригиран и го убедил својот работодавач детаљно да ја истражува печурката. Останатото е историја. Лабораториите Куреха успеаа да ги изолираат активните состојки од мицелиумот и го идентификуваа најпотентниот вид мицелиум (CM-101).

Кориолус-МРЛ е 100% органска биомаса, што значи дека содржи плод и мицелиум. Истражувањата на Кориолус од страна на МРЛ започнуваат со ХИВ-пациенти. Резултатите покажаа зголемување на белите крвни зрнца за 45% за 45 дена и  зголемено ниво на CD4 и намалување на PCR вирално ниво до тој степен што имаше ремисија на Капоши сарком додека се администрираше Кориолус. Потоа, МРЛ правеше испитувања на синдром на хроничен замор, со резултати на подобрување на имунитетските параметри и на вирусните нивоа. Оттука, продолжија со испитување на влијанието на Кориолус-МРЛ кај канцер и ХПВ.

Клинички студии за ХПВ – Се смета дека најмалку 90% од случаите на рак на цервиксот (покрај рак на грло и врат) се добива од инфекција на цервиксот со Хуман папилома вирус (HPV), особено одредени видови на HPV, или т.н. високо-ризични вируси. Во 2004 год., Dr. Jose Silva Couto од португалскиот Институт за онкологија Коимбра иницираше студија за да одреди дали суплeментацијата со Кориолус-МРЛ може да им помогне на пациентите со HPV/LSIL (ЦИН1) за намалување и на цервикалните лезии и на вирусот. Во 2012, студијата беше повторена и во Бугарија од Проф. Чернев, Др. Богданова и Др. Борисов, со 300 пациенти. Заедно со нив, д-р Георги Костадинов, гинеколог од Македонија, ги презентираше своите колпоскопски наоди кај наши пациенти од примената на Кориолус-МРЛ на минатогодишниот Конгрес за гинеколози и акушери во Охрид. Кориолус-МРЛ е дел од Препораките на Здружението за ХПВ на РМ: http://hpvsm.org.mk/docs/Preporaki%20HPV%20v1.1.pdf

Заклучок: Употребата на Кориолус версиколор откри голема ефикасност (90%), без разлика дали во регресија на дисплазијата (LSIL) или во исчезнувањето на високо-ризично HPV. Затоа се чини, дека е корисен додаток на исхрана со позитивно терапевтско влијание, или во реверзија на LSIL (со високо-ризичен позитивен HPV) или кај HSIL пациенти, кои имале хирушка интервенција, но и понатаму имаат високо-ризичен HPV.

Дозирање за HPV: 6 месеци по 6 таблети дневно (по 3 таблети наутро и 3 таблети навечер, 30 мин. пред оброк). Може да се користи и за време на бременост.

ХПВ-вирусите се сексуално преносливи. Затоа е многу важно редовно да вршите гинеколошки прегледи. Вирусот може да се елиминира ако навремено се детектира и ако редовно ја следите својата состојба со цел да не дојде до канцерозна појава.

Анти-вирусните и анти-канцерозните својства, како и имуномодулаторните и имуно-стимулирачките својства на Кориолусот се припишуваат на две состојки, а тоа се полисахарид Крестин (PSK) и полисахарид-пептид (PSP).

PSK се бори против ракот и туморите со тоа што помага во спречување на развојот на канцерогените клетки и згора, стимулира реакција на организмот. Се зајакнуваат и т.н клетки природни убијци (клетките NK – Natural Killer cells) кои пак го зајакнуваат имунитетот. Кориолус често се користи и при хемотерапија за да се зголеми стапката на преживување. PSK покажа дека го активира создавањето на интерферон. Денес, Крестин се препишува заедно со хемотерапевтски лекови како неспецифичен имуномодулатор за пациенти заболени од рак.

PSP се класифицира како модификатор на биолошка реакција способeн да ја модифицира биолошката реакција стимулирајќи го имунитетот, а со тоа предизвикува разни терапевтски ефекти. Долги фармаколошки студии покажаа дека PSP покажува анти-туморски и имуно-регулаторни активности. PSP се предлага како инхибитор на репликација на ХИВ во in vitro студија. Се докажало и дека Кориолусот ја регенерира оштетената коскена срж, го зголемува нивото на енергија и ги олеснува болките на пациетите со рак.

Во традиционална кинеска медицина, Кориолус версиколор се користи за чистење на влажноста, намалување шлаем, лечење на пулмонарни нарушувања, зајакнување на физикусот, зголемување на енергијата и предности за лицата со хронични болести (Yang&Yong, 1989, Ying et al., 1987).

Кинеските лекари ја сметаат како корисен третман за инфекции и/или воспаление на горниот респираторен, уринарен и дигестивен тракт. Се смета дека Кориолус лечи болести на црниот дроб (вклуч. и хепатит B и хронично активен хепатит) и се користи за третирање на општа слабост на имунитеот (Ying et al., 1987).

Крестин (PSK), лек против рак одобрен во Јапонија, се екстрахира од печурката Кориолус  и за него се користи 25,2% од вкупните јапонски расходи за агенси против рак. Nakazato et al. (1994), запиша дека 262 пациенти со гастритичен рак третирани со PSK како додаток на хемотерапијата покажале намалување на рецидив на ракот, како и значително зголемување на стапката на опстанок без повторно заболување. Kobayashi et al. (1995) запиша дека полисахаридот што се врзува за протеини, PSK, ги намалува метастазите од рак. Sakagami et al. (1993) запиша дека PSK стимулира интерлеукин-1 и создавање на интерферон кај човечките клетки. Други истражувачи покажаа дека PSK ги уништува слободните радикали. За разлика од многу конвенционални лекови против рак, PSK создава само малку, ако и воопшто создава, несакани ефекти и нема имуносупресивно дејство.”

Кориолус-МРЛ се користи кај вируси како херпес, грип, но и кај Епстин-Бар вирусот, причинител на повеќе видови на рак. Кориолус се користи за рак на стомак, дебело црево, дојки, бели дробови, езофагус, грло, врат, простата, за автоимуни болести, синдром на пропустливи црева, за заштита од рак на простата (има испитувања кои покажуваат дека ПСП е 100% протективен), при хемо и радиотерапија. Во 2016 год. откриени се неговите пребиотички својства, па оттука делува позитивно врз цревната флора. Последните 3 години се прават испитувања кај невро-дегенеративните состојби (како блага когнитивна нарушеност, почеток на Алцхајмеровата болест, аутизам, Мениер), каде комбинацијата на Кориолус-МРЛ и Херициум-МРЛ покажува ветувачки резултати, коишто веќе се објавени во стручните списанија како NeuroToxicology Journal.

Кориолус-МРЛ е достапен во онлајн продажба преку е-продавницата (www.myconutri.mk), во аптеките на „Еурофарм“, „Виола“ и други аптеки низ цела Македонија. За повеќе информации обратете се на телефоните (02) 3128-268; 3109-362.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...