Корисни трикови: Ги имате овие 5 навики за чист дом?

Сакате вашиот дом да биде секогаш чист и пријатен? Немате многу време за чистење поради работните обврски? Тогаш имаме прашање за вас… дали ги имате овие пет навики кои доведуваат до чист и уреден дом без многу труд?

1| Ставете ги работите на своето место
Секако, најголемиот дел од времето одземаат разместувањето на работите и враќањето на “нивното место“. Потрудете се да не ги оставате работите насекаде низ просторот, штом завршите со активносите поврзани со истите, веднаш вратете ги на својата позиција. Така заштедувате време кое ќе го потроште на повторно разместување и средување, а оваа навика ќе допринесе за секогаш уреден простор во кој ќе се чувстувате пријатно.

2| Чистете во моментот кога е потребно
Зарем повторно треба да се чисти тоалетот или шпоретот? Не чекајте “генералка“ за да го исчистите нередот во бањата, кујата, или во собите во кои сте го забележале. Ако исчистите веднаш, нема да имате потреба од трошење време и енергија на седмичните или месечните чистења.

3| Одберете квалитетни средства за чистење
Ги чувате старите маици и крпи за чистење? Хм, дали тие ќе ве мотивираат за следното расчистување? Купете нови крпи од микрофибер, воздушести сунгери, квалитетни средства и ќе ја согледате разликата во мотивацијата за следната “генералка“ во домот.

4| Работете и средувајте во од
Ако додека поминувате низ ходникот одејќи кон спалната соба ги собирате чевлите кои треба да стојат во плакарчето за чевли, ги сместувате и потоа продолжувате во собата, тогаш ја имате 3та навика која е потребна за секогаш чист дом.

5| Забавно е кога сите чистат
Обично грижата за домот и чистењето ја зема само една личност, затоа распределете ги обврските или барем дел од нив. Така чистењето ќе биде забавен момент кој ќе го поминете со блиските, а работата ќе биде завршена за побрзо време одошто е вообичаено.

 

x

Check Also

Не мораме да се видиме за да испиеме кафе заедно

Од сите начини на кои пандемијата влијае на светот, социјалниот елемент е ...