Коронавирус го блокираше Том Круз во Венеција, каде се снима „Невозможна мисија“

Американскиот глумец Том Круз е во Венеција каде го снима седмиот дел од филмот „Невозможна мисија“. Но снимањето е стопирано по наредбата на гувернерот на регионот Венето, Лука Заја.

Коронавирусот го стави Том Круз под притисок. 7-от дел од филмот кој се снима е одложен поради ситуацијата во северна Италија. Исто така, е одложен и најпознатиот карневал во светот, каде што требаше да се снимаат неколку сцени од филмот.

Поради безбедносни причини на глумецот му е сугерирано да остане во хотелската соба и да не го напушта хотелот „Грити Палас“ се додека не добие нови насоки. Со оглед на тоа што сцените кои беа планирани да се снимаат на гондола се одложени, постои веројатност Круз со екипата да се преселат во Рим и таму да продолжат со снимањето.

 

 

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...