Коронавирус во САД, од Лејди Гага до Хајди Клум: sвездите повикуваат на самоизолација и претпазливост

Многу познати личности на социјалните мрежи ги повикуваат фановите да се однесуваат одговорно, доброволно да прифатат домашен карантин, да го почитуваат сопственото здравје и здравјето на другите.

Не само Кина. Не само во Европа. Ковид-19 се рашири и во Соединетите држави, и застрашувачки е затоа што бројот на заразени лица расте од час на час. До тој степен што ѕвездите се меѓу првите што ги искористија социјалните мрежи за  поканување на самоизолација и претпазливост.

Во последниве денови Том Хенкс и неговата сопруга на тестирањето се покажаа позитивни на „Ковид-19“: парот го добил вирусот во Австралија (каде што актерот бил на работа) и сега тие се на лекување и изолација. „Да се грижиме за нашето здравје и здравјето на другите“, напиша глумецот на Инстаграм.

Орландо Блум ја напушти Чешката Република каде снимаше филм: не е јасно дали тој бил во контакт со заразени лица, но тој се вратил во САД за да се самоизолира. По нив, другите sвезди го преземаат истиот метод.

И Лејди Гага е веќе во самоизолација. На својот Инстаграм профил објави дека дома е со кучињата.

Супермоделот Хејди Клум го сподели своето искуство на Инстаграм.

„Како и многумина од вас, и јас исто така бев болна цела недела и, за жал, мојот сопруг кој се врати од својата турнеја пред неколку дена, исто така, се чувствува лошо. За да бидеме безбедни, ние сме разделени сè додека не ги добиеме резултатите од нашите тестови на коронавирус“, напиша манекенката која постираше и видео-објава на Инстаграм на која го бакнува својот сопруг преку стакло.

View this post on Instagram

Like many of you, I also have been sick all week and, unfortunately, my husband who returned from his tour a couple of days ago is also feeling ill. To be safe, we are staying apart until we get the results of our Coronavirus tests (that we were finally able to get today) back. We don’t want to spread germs and risk others getting sicker… even each other! As much as I want to embrace him and kiss him, it is more important to do the right thing and not spread further. ❤️ These are strange times… but in these moments, you remember what’s really important- the people you love and keeping them safe. Social distancing is what we all need to do right now to be responsible citizens of the world. We are all in this together and it is up to us to protect our loved ones, and our neighbors and our communities. Please listen to the officials and stay at home if you can and physically distance yourself from other people… especially if you are not feeling well. I see all the beautiful things people are doing for each other all over the globe and that gives me hope! Sending all of you love and positivity and healing vibes… together we can get through this but we need to be proactive so that we can all have a bright and healthy future. 🥰😷✌🏻🧼❤️ #socialdistancing #washyourhands #stayput #bekindtoeachother

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

И Мајли Сајрус постираше објава на Инстаграм

x

Check Also

Ова е хит фустанче од ZARA, на Инстаграм е ѕвезда

Розовото фустанче од новата колекција на Zara стана хит на Инстаграм. И ...