Коронавирусот ја уништи продажбата на луксузни производи ширум светот, Burberry објави пад од дури 80 отсто!

Еден од култните британски брендови “Burberry”, зад себе има катастрофална недела во која опадна нејзината вредност, но уште полошо, нејзиниот пад на продажбата во светски рамки е таков што компанијата тоа јавно го објави, велејќи дека се соочува со нешто досега невидено.

Поточно, продажбата во Европа, Азија и Африка опаднала за 60 проценти, во Америка за дури 80 проценти, а се проценува дека до крајот на март, кога ќе се соберат податоците за првиот квартал, вкупниот пад ќе биде околу триесет проценти во однос на истиот период минатата година.

„Повеќе од 60 проценти од нашите продавници во Европа, Азија и Африка и околу 85 проценти од нашите продавници во Америка во моментов се затворени, а оние што се уште се отворени работат со скратено време и имаат многу лоша продажба“, рече Марко Гобети, извршен директор на Бурбери, и додаде дека коронавирусот ја уништил продажбата на луксузни производи ширум светот, влијаејќи на целата модна индустрија ширум светот.

 

x

Check Also

Ова е хит фустанче од ZARA, на Инстаграм е ѕвезда

Розовото фустанче од новата колекција на Zara стана хит на Инстаграм. И ...