Коронавирусот најмногу се задржува на пластика, а најмалку на картон

Во медицинското списание Њу Енгланд е објавено истражување за задржувањето на коронавирусот на одредени површини. Податоците се споредуваат со задржувањето на Сарс вирусот на површини.

Иако со сигурност не може да се заклучи како коронавирусот се пренесува од лице на лице, познати се истражувањата за тоа колку долго вирусот се задржува на поедини површини. Најновите заклучоци во преден план ја ставаат пластиката како најпогодно место за најдолго задржување на вирусот.

Професорите и стручњаците кои го воделе истражувањето, го користеле примерот на Бајесовиот регресиски модел, а резултатите се однесувале на аеросол, пластика, челик, бакар и картон.

Во аеросолта вирусот останал одржлив во текот ан целиот експеримент, а експериментот траел три часа. Слично време е забележано и кај вирусот Сарс.

Вирусите биле најстабилни на пластика и челик, а помалку стабилни на бакар и картон. Одржлив вирус е откриен и до 72 часа по нанесување на овие површини.

Професорите заклучуваат дека најдолга одржливот на вирусот е на пластика, окочу 6.8 часа, на челик 5,6 часа, па потоа на бакар – околу 4 часа.

x

Check Also

Крем од банана против упорна кашлица и бронхитис

Неговото дејство е тестирано во третманот на постојана кашлица и бронхитис. Особено ...