Коронавирусот не го пренесуваат домашните миленици, потврдуваат ветеринарите

Коронавирусот не го пренесуваат домашните миленици. Тоа го потврдија до сега бројни научници, а сега и водечките ветеринарни организации во светот. Коронавирусот е исклучително врзан за човечкиот род, додека неговиот пренос од диви животни се уште се истражува. Повторуваме – диви животни. Поради тоа на луѓето, особено во Азија, им се советува да не конзумираат месо од диви животни и да избегнуваат близок контакт со нив.

Ветеринарите се едногласни дека сопствениците на домашни животни не треба да бидат загрижени поради можност од пренос на вирусот од животно на човек.

Според Светската организација за здравјето на животните, до денес нема докази дека домашните миленици можат да ја пренесат болеста. Оваа организација наведува дека нема доказ дека кучињата имаат улога во ширење на оваа човечка болест или дека од неа заболуваат.

Во медиумите се појави информација дека со коронавирус е заразено куче, но таа вест е сосема демантирана.

Имено, кучето живеело со лице која била заразена од коронавирус, па капки од вирусот се најдени на неговото крзно. Меѓутоа, кучето не се разболело иако било во близок контакт со сопственикот. И стотина други заразени живееле со домашни миленици, па не е забележан пренос од човек на куче, мачка или други домашни миленици.

x

Check Also

Викторија Бекам виртуелно ја претстави новата колекција, гости на ревијата – само семејството

Меѓу дизајнерите кои виртуелно ги претставија своите колекции за време на модната ...