Корпоративна арена: класичен, бизнис или кежуал изглед?

Порелаксирачиот дрес код има интенција во намалување на хиерархиските бариери кои до сега ја обесхрабруваа поколегијалната работна атмосфера. Модерниот стил дава порака на функционалност и комфор. Сепак, кежуал гардеробата е релативно нова во корпоративната арена и се’ уште не се доживава како професионална и моќна како што е класичниот бизнис изглед.

slika 1

Во поново време, правилата за облекување на бизнисмените и деловните луѓе како да омекнуваат. Бизнис дрес стандардите  се менуваат со текот на времето и строгите класични костуми се заменуваат со порелаксирачки и комфорен аутфит.

slika 0

Неносењето вратоврска на работното место, претставува прв чекор во промените кои настанаа во облекувањето на работното место. Порелаксирачкиот дрес код има интенција во намалување на хиерархиските бариери кои до сега ја обесхрабруваа поколегијалната работна атмосфера. Кежуал облекувањето наиде на голем прием кај модерниот и современ маж, но претставуваше вистинска компликација за мажите кои се имуни на мода.

slika 3

Сепак, пофлексибилните и одговорни мажи чуваат костум и неколку вратоврски во својата канцеларија, за да не излезе некој случаен состанок. Но, во голем дел од компаниите стариот добар дрес -код ( костум и вратоврска) се’ уште се задолжтелни кога станува збор за средба со клиентите. Модерниот стил дава порака на функционалност и комфор. Имено, кежуал облеката не ги одвраќа нивните носители да ги постигнат целите во однос на клиентите. Но, сепак, и кога станува збор за кежуал облеката, постојат одредени правила кои во никој случај не треба да ги прекршите.

slika 4

На прво место, како и за секоја гардероба, важна е чистотата и никако не смеете да дозволите несредена , односно валкана гардероба. Кога се работи за специфични бизнис средби, сепак практикувајте костум. Кежуал гардеробата е релативно нова во корпоративната арена и се’ уште не се доживува како професионална и моќна, како што е класичниот бизнис изглед. Доколку не сте сигурни за нивото или формалноста на средбата повеќе облека на вас е подобар избор. Тогаш, доколку ситуацијата ви дозволи, ќе можете да тргнете некое парче од вас, како сако или вратоврска на пример, и ќе се чувствувате покомотно. Облекувајте се на исто ниво како вашиот претпоставен, но никогаш покомотно од оние на кои вие сте им претпоставен. Која покежуал гардероба и да ја одберете, нека ги има истите карактеристики како кога би биле облечени во фин костум. Односно, да биде изработена од добар материјал, со фини линии и одлично да ви прилега.

Еве неколку корисни совети:

Кога кошулата и сакото се во иста боја тоа изгледа многу поздодевно отколку кога тие се разликуваат.

Ако кошулата и сакото имаат различни риги може да изгледа интересно, но исто така овде многу лесно може да се направи модна гршка. Лесно може да се погреши во комбинацијата.

Џемперот кој наликува на кратко палто дава еден пософистициран изглед.

Џемпер со V израз и кошула истовремено даваат бизнис и кежуал изглед.

 

Ј.С.

x

Check Also

Славој Жижек: Влеговме во војна со „Пандемија“ и идеите дека ќе заврши набрзо се утопистички

Правилата дека треба да се мијат раце, да се избегнуваат блиски контакти, ...