Косата може да ви помогне да изгледате послабо?

Бојата и волуменот на косата се ваши сојузници, а со соодветен пристап и неколку фризерски типови вашето лице може да изгледа совршено и визуелно послабо.

ko ko ko

Должина

Што се однесува на должина на косата, жените со тркалезно лице и со изразена вилица треба да ја избегнат должината до брадата. Оптималната должина на кратки фризури би требало да биде на половина пат меѓу брадата и рамото, а долга преку рамото па сè до средината на грбот. Се препорачува слоевито шишана коса затоа што ги омекнува цртите на лицето, додека рамната фризура со иста должина лицето го прави тркалезно и истакнато.

Шишки

Иако се многу популарни,шишките не се за секого.Професионалните фризери предупредуваат рамни и густи шишки  да избегнуваат жени со четвртасти и тркалезни лица, затоа што тие дополнително го прошируваат.Но, тоа не значи дека треба комплетно да се откажете од шишки.Напротив,степенастите или оние малку подолги шишки,кои на крајот на лицето завршуваат со остаток од коса,се одличен избор.

Патец

Иако фризерите препорачуваат дека косата мора да има природен пад, поигрувањето со патецот е многу важно. Жени со лица во облик на срце и тркалезни лица треба да се избегне патец по средината и да се обидат со оној на страна поради тоа што визуелно ќе ви го издолжи лицето. Ако на вашата коса и недостасува волумен, патецот направете го на страна, но на спротивната страна на природните насока на раст на косата.

Боја

Ако сакате да го освежите вашиот изглед и на косата да и дадете димензија, изберете прамени. Сепак, внимавајте да не бидат многу изразени,туку да бидат за нијанса малку посветли од вашата природна боја, односно од остатокот од косата. Играта со сенки го омекнува лицето. Високи и големи жени, на пример,би требало да избегнуваат светло- сина боја на косата и да се обидат со потоплите покафеави нијанси..

Текстура

И текстурата на косата во голема мера влијае на изгледот, бидејќи многу е важно со што ќе ја третирате вашата коса, почнувајќи од шампон преку балзамот па се до козметика за коса, како гел, лак или восок. Не претерувајте со балсамот, бидејќи го релаксира коса и тенка коса ја прави безживотна и опуштена, а рамната испеглана коса, им стои на жени со тркалезни или издолжени лица. Истото важи и за лакот за коса. Фризури со волумен се добредојдени, бидејќи тие го намалуваат лицето, но со  претерано тапирање и подигање на косата, особено околу врвот, главата изгледа многу поголема.

x

Check Also

Скопје доби уникатна поп ап продавница за мебел од метал

Ентериерот од метал на новата поп ап продавница “Калико” е новиот тренд ...