Косата ви е тенка? Веројатно од овие причини…

Дерматолозите предупредуваат дека нашата коса се одржува и преку начинот на исхрана, и обратно, дека ако косата ви е тенка треба да ги примените овие совети.

Избегнувајте брза храна

Не е добра ниту за линијата, ниту за цревата, зошто тогаш би била добра за косата? Маснотиите во кои оваа храна се пржи ги затвораат порите на скалпот и предизвикуваат опаѓање на косата и тенко влакно.

Премногу јадете риба?

Се согласуваме, рибата е здрава и треба да се вклучи во исхраната, но храната богата со жива може да го слабее влакното на косата, а рибата е полна со жива.

Слатки

Десертите како што се чоколадната торта и сладоледот сериозно и штетат на нашата коса. Шеќерот ја спречува апсорбцијата на протеини кои се неопходни за растот на косата.

Бел леб

Се што е направено од скроб, како што е белиот леб, шпагетите и слично, предизвикува опаѓање на косата, зашто скробот се претвора во шеќер и го има истиот ефект како слатките.

Што треба да јадете?

За здраво влакно и густа коса треба да јадете храна богата со протеини. Месо, риба – но во умерена количина, особено туна, пилешко и грав се одлични извори на протеини. Железото е исто така многу важно, зашто неговиот недостаток не доведува само до појава на анемија туку и до опаѓање на косата.

x

Check Also

Спречете го опаѓањето на косата со помош на лаванда

Имате проблем со опаѓање на косата? Пробајте го овој делотворен рецепт кој ...