Кошула со полка точки од H&M по која „полуде“ Интернет

Белата кошула со црни полка точки од есенската колекција на Х&М за брзо време стана хит на социјалните мрежи.

Елегантната кошула со балон ракави и панделка која се врзува на горниот дел ја облекоа речиси сите модни блогерки и тоа во најразлични модни комбинации. Освен модерниот дизајн предноста на оваа кошула од Х&М е и во достапната цена.

Можностите за комбинациите со кошулата се бројни – може да се носи и во кежуал пригоди, но исто така и во деловна атмосфера или за елегантен вечерен изглед.

Во продолжение проверете како ја носат блогерките.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...