Костими за капење кои направија вистински „бум“ на Инстаграм

Кога станува збор за купување на нов, уникатен костим за капење, многумина при изборот, освен допадливоста на моделот, ја земаат в предвид и пристапноста на цената и конфекцискиот број. Мислејќи на овие важни прашања, модната марка за костими за капење Cupshe за брзо време успеа да се избори за своето место под сонцето, а годинава стана една од најпосакуваните и најбарани марки за костими за капење.

На популарноста на Cupshe придонесоа и социјалните мрежи, особено Инстаграм – бројни девојки од целиот свет се фотографираат со купениот модел од Cupshe. Моделите се забавни, конфекциските броеви се од Икс Ес до Икс Ел, а постои и посебна линија наменета за девојки и жени со големи гради, за бремени жени, како и за оние со повеќе килограми. И цената на костимите е допадлива, сите се под 40 долари, а најголем дел од костимите се дваесет долари.

На групата девојки кои се фотографираат во симпатичните модели на костими за капење од Cupshe им се придружија и модните инфлуенсерки како Меди Кели, популарната блогерката која известува за патувања на сајтот Бакетлист Бамс, позирајќи во костими за капење од Cupshe на италијанските плажи, но и блогерката која пишува за бремени и мајки, Џесика Електра, која истотака позира во костими за капење од Cupshe.

Инаку, Cupshe костимите за капење задоволуваат различни вкусови, но сите се со трендовски принтови и дизајни. Достапни се во онлајн продажба на официјалната страница на брендот.

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...