Костими за капење од Calzedonia: Неонски нијанси, ефект на набори и копчиња како детали

Наборите, неонските нијанси, нов минимализам…тоа се трите главни модни адути во костимите за капење од пролетната колекција на Calzedonia.

Голем избор на модели во кој ништо не недостасува – од класични во два дела до ретро модели и трендовски едноделни.

Сепак, предност за ова лето 2019, имаат коситмите со ефектот набори. Во игра се пет различни бои инспирирани од расположението во 80-те години – портокалова, виолетова, зелена, жолта и традиционалните бела и црвена.

Директно од 80-те години ни пристигнуваат и неонските нијасни кои се уште еден голем тренд за летната сезона. За да бидете сосема во трендот, одберете долен дел со високструк, украсен со патент или копчиња.

Оние пак, кои сакаат визулено издолжување на телото, можат да одбираат од моделите со вертикални риги, а за класичарите, тука се дводелните костими во бела или црна боја, со едноставен крој, украсени со карнер.

Еве ги трендовите од Calzedonia за пролет/лето 2019.

x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...