Костими за капење од H&M: Анимал принтот и цветовите се тренд

Модната марка H&M ја лансираше колекцијата на костими за капење за лето 2019. 

Кампањата е снимена во Мексико, а за каталогот позираат моделите Мелоди Вакселер и Џил Кортлев, презентирајќи ги новите трендови на костими за капење од модниот гигант H&M. Во колекцијата доминараат едноделни и дводелни костими со „анимал“ принт и тропски цветови, но тука се и „металик“ бикините и ретро инспирираните едноделни костими. Моделите се веќе достапни во продажба во продавниците на H&M. Погледнете дел од колекцијата во продолжение. 

x

Check Also

Новата колекција на Nasty Gal и Емили Ратајковски е секси и фенси

Моделот и глумица Емили Ратајковски, покрај убавото тело, е позната и по ...