Костими за капење за лето 2018 од Calzedonia

Популарната италијанска марка за долна облека и костими за капење, Calzedonia, ја објави својата рекламна кампања преку која ги најавува моделите на костими за капење дизајнирани за лето 2018. 

Кампањата е снимена на Бахамите, а во новите модели на костими за капење позираа четрири модели – Тони Гарн, Џорџија Фоулер, Пеиж Рефлер и Брук Пери, фотографирани од Бен Вотс. Новата колекција вклучува различни трендовски модели на едноделни и дводелни костими, а многу популарни се, повторно, монокините. Интересни се дводелните костими со висок струк на долниот дел и со романтичен цветен принт. Од едноделните пак, фаворити на сезоната се моделите со длабоко (кружно) деколте и моделите украсени со карнери.

x

Check Also

Како и со што заведува вашиот хороскопски знак

Прочитајте какви заводници сте и со што сте надарени да заведувате. Овен ...