Бриони, костум луксузен како еден остров

Модната марка „Бриони“ во светот на машката мода е со децении на првото место и на врвот на елитистичките листи за најдобри машки костуми.

Бриони на Модна недела во 1950 година

Бриони на Модна недела во 1950 година

„Бриони“ е основан во северна Италија, по Втората светка војна, а според имиџот на најпрестижниот остров во Европа во тоа време – Бриони
Денес името Бриони асоцира на ексклузивен италијански костум, но интересно е дека првичното име на оваа марка немаше никаква врска со модата. Претпоставувате?  Станува збор токму за островот Бриони, кој пред Втората светска војна беше најлуксузното парче земја во Европа и собиралиште на тогашниот џет-сет, а подоцна тука беше и летната резиденција на Тито.
Назарено Фонтиколи и Гајтано Савини ја основаа фирмата „Бриони“ во 1945. година со финансиска помош од Армандо Калкани. Пред „Бриони“, Фонтиколи беше искусен кројач вработен како шеф во престижниот салон за машка облека „Сатос“, на луксузната улица Виа Дел Корзо во Рим, додека Савини беше во истата таа фирма одговорен за маркетинг и продажба. Тимот Савини – Фонтиколи беше успешна комбинација за лансирање на еден сосема нов бренд, различен од тогашните англиски фаворити, и многу специфично италијански.
Кога Италијанците Назарено Фонтиколи и Гајтано Савини одлучија да се занимаваат со (машка) мода, го избраа името на луксузниот остров од две причини: прво, затоа што веќе беше синоним за гламур, стил и нешто што е многу ексклузивно, а второ – затоа што не звучеше англиски. И стилот веќе беше најавен: со готово бренд-име не беше тешко да се лансира нешто што ќе биде сосема различно од она што го правеа англиските кројачи.
Секогаш костумот Бриони бил заштитен знак на Бонд филмовите

Секогаш костумот Бриони бил заштитен знак на Бонд филмовите

Европа го запозна „Бриони“ на втората Модна недела во Фиренца, во 1951. година, а веќе следната година на третата Модна недела „Бриони“ претстави дури 40 модели. Сопственикот на „Б.Алтман&Ко“ веднаш го препозна специфичниот стил и го донесе „Бриони“ во Америка, чекор со кој оваа марка стана и интернационална. До средината на 50-тите години костумите на „Бриони“ можеа да се купат во 22 продавници на американскиот континент. Бумот продолжуваше, а американските актери и богаташи доаѓаа дури до Италија за да им земат мерка за нивните костуми во оригиналното италијанско опкружување.
Кларк Гебел „на мерка“ кај сопствениците

Кларк Гебел „на мерка“ кај сопствениците

Поради големата побарувачка беше отворена фабриката за костуми „Бриони“ во Пене, родното место на Назарено Фонтиколи. Тука изработката беше „редимејд“, според одреден модел и за околу 18 часа костумот „Бриони“ беше готов. Заради споредба, рачно изработениот „Бриони“ костум бараше дури 40 часа! Оние, пак, кои сепак го сакаа рачно изработениот костум(според традиционалниот метод на изработка), мораа да закажат во салонот во Рим лоциран на атрактивната улица Виа Барберини, 79. А, за еден „Бриони“ костум се чекаше и по една година, затоа што листата беша предолга: Гари Купер, Кларк Гебел, Џон Вејн, Хенри Фонда, Ричард Бартон, Питер Селерс, Роберт Вагнер…

Бриони во 60-те години

Бриони во 60-те години

Интернационалниот успех на „Бриони“ беше обележан со внесување на боја во машкиот костум кој до тогаш како да мораше да биде или црн, или тегет или сив. „Бриони“ беше прв кој го претстави бордо машкиот костум, а потоа следуваше и лансирањето на таканаречената ткаенина брокатело, како и дизајнираните сафари костуми.
Brioni-filmovi bond
Како што е денес „Армани“ неизбежен за црвениот килим, таа улога на неизбежност за свечени пригоди ексклузивно ја имаше „Бриони“. За разлика од тие денови, денес костумите „Бриони“ се повеќе наменети за деловни прилики, односно поранешната целна група на ѕвезди денес е насочена кон богатите бизнисмени.
Скапите костуми и целиот програм на машката колекција денес се симбол на врвната класика која, покрај совршениот крој, се одликува со најквалитетни материјали.
Во 50-тите години „Бриони“ ги привлече американските филмски ѕвезди нудејќи им вечерни костуми од велвет, свила и брокат во сосема други бои од тогашната класична – црна.
Ј.С.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...