Крај на породилното отсуство: Меган Маркл се враќа на работните обврски

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се породи на 6 мај, а потоа замина на породилно отсуство и се повлече од обврските, но и од медиумите и новинарите.

Но, Маркл наскоро се враќа на своите работни активности. Според странските медиуми, војвотката следната седмица се враќа во кругот на кралските случувања. Прв ангажман ќе биде лансирањето на нејзината модна колекција во партнерство со Смарт.

В четврток, 12 септември, поранешната глумица ќе присуствува на овој моден настан и со тоа и официјално ќе го заврши породилното отсуство.

x

Check Also

Сестричките Кардашијан и Џенер се расоблекоа за новиот бренд на Ким (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога популарните девојки од семејствата Кардашијан и Џенер ќе се обединат со ...