Крај на врската на Ирина Шаик и Бредли Купер

Уште една холивудска љубовна приказна е завршена. Иако веќе со месеци се зборува дека врската на топ моделот Ирина Шаик и глумецот Бредли Купер не е стабилна, пристигна и официјална потврда дека оваа четиригодишна љубовна приказна заврши. Двојката веќе пријателски се договара за старателството на двогодишната ќеркичка Леа.

За кризата во нивната врска почна да се зборува уште од време на снимањето на филмот Ѕвездата е родена, а се зборуваше и дека односот на Купер и Лејди Гага не е само пријателски. Нивното дружење и по премиерата на филмот, како и прекинувањето на веридбата од страна на Лејди Гага, само дополнително ги подгреваа гласините.

Веста за разделбата на Купер и Шаик дојде откако манекенката е фотографирана без скапоцениот веренички прстен, а потоа следуваа и фотографиите на кои се гледа дека Шаик со куферите го напушта домот на глумецот.

Парот врската ја започна во 2015 година, но својата приватност секогаш успеваа да ја сочуваат. Иако често заедно се појавуваа на црвените теписи на важните настани, на годинешната Мег Гала, манекенката се појави сама.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...