Дита фон Тиз ја лансираше новата колекција на долна облека Von Follies by Dita von Teese.
„Сакам да искреирам прекрасна долна облека во големини и облик кои секоја жена ќе ја направат сексапилна и гламурозна“, рече Дита.
Акцентот е ставен на ретро стилот и стариот Холивуд, доминира женственоста и софицираноста, а колекцијата е достапна и онлајн.
Се разбира, пин-ап кралицата прва на себе ги испроба креациите.