Кралица на летото: Софија Вергара во бел костим за капење

Софија Вергара е на летување низ Европа со сопругот, а како се забавуваат, откриваат фотографиите кои таа ги постира на Инстаграм.

А судејќи според „лајковите“ на нејзините бројни фанови, глумицата е најпопуларна кога позира во бикини. Така, уште една фотографија на која Вергара позира во бел дводелен костим за капење, поточно бели гаќички и чипкаст топ, го „урна“ Инстаграм.

-До нашата следна станица, напиша Вергара покрај постираната фотографија снимена на јахта во близина на италијанскиот град Равело.

Убавицата во бели бикини ги воодушево своите фанови кои коментираа дека е совршена, дека е неверојатна убавица и дека нема поубава од неа.

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...