Кралицата Летициа во бел фустан од хај-стрит брендот Uterqüe

Шпанската кралица Летициа во друштво на сопругот и ќерките одмора на Мајорка.

Заедно го посетиле музејот Son Marroig, кој го слави делото на Лудвиг Салватор од Австрија.

За оваа дневна прошетка, кралицата одбра лежерна модна комбинација – бел памучен фустан од шпанскиот „хај стрит“ бренд Uterqüe кој чини 95 евра.

Моделот со А крој е достапен во продажба.

Кралицата фустанот го комбинираше со сина платнена чанта, очила за сонце од Каролина Херера и чевли од „хај стрит“ брендот One Touch

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...