Кралицата Летиција во точкаста блуза од MANGO

Шпанската кралица Летиција и кралот Филип VI. го посетија спортскиот центар „Чентро дел Алто Рендимиенто“ во Мадрид.

Центарот наменет за тренинг на врвните спортисти од неодамна е повторно отворен по подолгиот период на пандемијата. Иако пристигна во спортско опкружување, убавата кралица не одбра модна комбинација во целосно спортски стил, туку се одлучила за „кежуал“ елеганција.

Под белиот костум од шпанската дизајнерка Каролина Херера, Летиција носеше топ од модната марка Манго.

Инаку, кралицата е позната по промоција и форсирање на шпанските модни марки, како и по комбинации на шпански луксузни модни марки со шпанските „хај стрит“ брендови, како Манго и Зара.

Кога станува збор за обувките, не одбрала ни потпетици ни патики. Наместо тоа – златна средина, таа ги носела нејзните омилени еспадрили со висока полна плетена пета.

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...