Кралот на машката мода Салваторе Монети со композиција на Скопски фестивал!

Европа го познава како крал на машката мода, лидер на модната империја Еди Монети, на Италијанците пак, освен по елеганцијата која ја диктира, Монети им е при срце со музиката со која ги допира.

монети главна

Италијанскиот дизајнер и композитор Салваторе Монети, кој е и сопственик на модната империја „Еди Монети“, со седиште во Милано, ќе пристигне во Скопје за да ја чуе својата композиција како звучи на македонски јазик. Песната „Врати ми го мигот“ ќе ја интерпретира Верица Пандиловска.

Низ историјата до денес, како што стои во портфолиото на компанијата, овој бренд бил дел од гардеробата на многу познати личности како Чарлс Бронсон, Тони Кертис, Питер Устинов, Гари Купер, Орсон Велс, Френк Синатра, Лиз Тејлор, Марчело Мастројани, Хозе Карерас, Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне, Керол Алт, принцот Алберт од Монако, принцот Филип од Белгија, кралот Хуан Карлос од Шпанија.

Но, Монети во своите интервјуа истакнува дека во животот  има две огромни љубови – дизајнирањето и компонирањето.

Како што израснал во салонот на неговиот татко Еди Монети, учејќи го модниот бизис од петгодишна возраст, со компонирање почнал да се бави неколку години подоцна зашто музиката во домот на угледното семејство Монети била дел од културата и традицијата.

монети 1 Првата композиција ја презентирал на 16-годишна возраст. Подоцна, следува соработката со Мајкл Копсон и заедно учествуваат на еминентни европски фестивали, а хитот се случува со песната „Приказна“ (Storia).

Нумерата Евита изведена со славната Лари Пол Емет ги урнува рекордите на слушаност. Следува хитот Аполонија изведен од Инди, а албумот направен за  италијанската ѕвезда Лаура Паузини  ќе достигне продажба во неверојатни 500.000 примероци!

На покана на организаторите на престижниот италијански фестивал Сан Ремо, два пати се качува на сцената. Првпат со Ана Окса, освојувајќи го второто место со песната „Сторие“. Вторпат, пет години подоцна, со Даниела Педали и нумера „Би сакала“ (Vorrei).

Во 2011 година се потпишува како продуцент на албумот на Силвио Берлускони и Апичела, а за Берлускони ја напиша песната „Che vuo’ fa’“.

Деновиве, освен на театарската музика, Славаторе Монети работи и на албумот на моментално најбараната италијанска пејачка – Валентина Стела.

Текстописецот на славната Ин-канто интерпретирана од Андреа Бочели, Бруно Ланѕа, го следи музичкиот ритам на својот пријател Сали, па нивните соработки во последно време се се почести.

монети 2

Иако е презафатен, Салваторе Монети кој живее на релација Милано-Рим-Лондон-Токио-Москва, каде се наоѓаат и неговите луксузни бутици на најславните модни улици во светот, ќе пристигне за првпат во нашиот град на 12 септември.

Ј.К.

x

Check Also

#IStayHomeFor апел на социјалните мрежи од ѕвездите во борба со коронавирусот

Од Дејвид Бекам до Ема Вотсон, од Натали Портман до Шерон Стоун: ...