Интересно, и кралицата Елизабета ја рециклира облеката. Исто како што тоа го прават Кејт Мидлтон, Мари од Данска и други принцези и кралици од Европа, Летиција од Шпанија и Максима од Холандија.
Елизабета Втора се појави во јавноста во портокалово палто од кашмир, од Стјуарт Парвин, украсено со дијамантски брош, а како додаток на стилот беше крзнената капа (се надеваме дека е од вештачко крзно, бидејќи нејзината лична стилистка Анџела Кели во 2019 година изјави дека крзното ќе се замени за вештачко). На раката е неизбежната чанта Лаунер што кралицата ја носи околу шеесет години.
Идентичен моден изглед, кралицата Елизабета, покажала во 2013 година на Божиќ и на 7ми февруари 2018 година. Ова не е првпат кралицата да ја повтори облеката која еднаш ја носела. На пример, во текот на 2017-та година, за време на настанот Trooping the Colour, таа носеше небесно син фустан стар 12 години, откако го носеше за прв пат за време на посетата на Малта во 2005 година.