Кралски изглед на денот: Кејт Мидлтон пак носи италијански модни марки

Војвотката од Кембриџ повторно ја покажа својата љубов кон „мејд ин Итали“. Таа се почесто се облекува во италијански брендови, кои, пак постојано ги рециклира. Во Лондон, за време на посетата на болницата, Кејт носеше твид костум.

Овие брендови војвотката ги избира за важни настани, како на пример Аскот на Вимблдон, потоа при посета на болницата Евелина во Лондон – комплет од Долче и Габана во комбинација со чевли од Џанвито Роси. Минатата година за посетата на конференцијата за едукација на ментално здравје во Лондон, таа носеше комбинација од Гучи, а истиот фустан го носеше и во 2017 година. За патувањето во Ирска пак, Кејт облече модна комбинација од Мисони, а подоцна и креација од Филозофи од Лоренцо Серафини. Еден од омилените италијански брендови на Кејт е и Лујза Спањоли – неколу пати сме ја виделе во облека од оваа модна марка.

 

x

Check Also

Принцот Чарлс го помина коронавирусот со благи симптоми, ѝ се обрати на јавноста

Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација. 71-годишниот наследник ...