Кралски изглед на денот: Кејт Мидлтон во макси кошула-фустан со флорален принт

Кејт Мидлтон (38) никогаш не се одрекува од умерениот, а елегантен изглед. За посета на Вест Енд, во Лондон, со принцот Вилијам, таа одбра кошула-фустан во црвена нијанса со бели контрастни цветни мотиви што веќе го носеше пред неколку месеци, за време на видео-обраќањето при домашната изолација.

Кејт и Вилијам го посетија Лондон Бриџ, потоа Лондонскиот муслимански центар во Вајтчапел, а оттаму – пекарницата Брик Лејн Бејгел каде месеа брашно за леб и бисквити. И двајцата беа со маски во нијанси кои одговараат на гардеробата која ја носеа.

Фустанот на Кејт е од лондонската марка Беула и чини 550 фунти. Го носеше и во мај, но овојпат се фокусираше на различна шминка, фризура и додатоци. Со пар обетки „Мисома“ и салонки на висока потпетица од Ралф Лорен. Фустанот е разубавен со бела јака и потсетува на креациите на нејзината сакана дизајнерка, Алесандра Рич.

x

Check Also

Дуа Липа го рекламира новиот парфем од Сен Лоран – YSL Libre Intense 

Поп пејачката Дуа Липа се врати во нова соработка со луксузната модна ...