Кралски изглед на денот: Кејт Мидлтон – војвотка во фармерки и патики

39-годишната војвотка од Кембриџ се појави на настан во Природонаучниот музеј со лежерен изглед: блејзер во нијанса на лосос, тексас и вегански патики.

Кејт Мидлтон (39) може да се пресели од еден на друг настан, менувајќи го модниот изглед во две крајности – од ултраелегантен кон кежуал. Пред само една недела таа беше во облечена во модел од Александар Меквин на настанот Г7 во Корнвол. Потоа избра симпатичен, но сепак свечен, син фустан од Л.К. Бенет за нејзината посета на Лондонското училиште за економија. И, конечно, таа сега избра лежерен изглед за Проектот за урбана природа во Природонаучниот музеј. Војвотката од Кембриџ се појави во многу лежерна варијанта – фармерки, топ на Ралф Лорен, блејзер „Клое“ во боја на лосос од 1,795 фунти и пар вегански патики „Веја“.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...