Кралски изглед на денот: Леонор од Шпанија како мама Летиција – обожава потпетици!

Шеснаесетгодишната Леонор еден ден ќе биде кралица, таа е најстара ќерка на Летиција и Фелип од Шпанија. Убавото девојче ја има страста за модата наследена од мајка си.

Иако имиџот на Леонор е сè уште детски, како што доликува за млада тинејџерка, веќе се гледа дека таа има многу стил. А овојпат, ја гледаме во елегантно издание во комбинација со чевли со потпетици.

Инаку, малата принцеза ќе го помине годишниот одмор, како и обично, со семејството во Палма де Мајорка, а по одморот – таа ќе замине за да го започне својот нов живот – на школување во Велс. Веќе е запишана на колеџот UWC Atlantic, а со неа ќе биде и Аријана од Холандија, која штотуку наполни 16 години, исто како неа.

 

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...