Кралски изглед на денот: Летиција од Шпанија во „Масимо Дути“ фустан

Шпанската кралица продолжува да носи облека со ниска цена, и тоа го прави со елеганција и леснотија во сите пригоди.

47 годишната кралица продолжува да ја форсира „хај стрит“ модата. Неодамна на Fitur, Саемот за туризам во Мадрид, таа носеше фустан од 113 евра на модната марка „Масимо Дути“. Фустанот молскавично брзо се распродаде. Како и во случајот со „ефектот Кејт“, шпанската кралица ги инспирира своите обожаватели што да купуваат.

Миди фустанот на Летиција од Шпанија е навистина облека за дневна варијанта, а може да се носи дури и во канцеларија. Црниот фустан со принт таа го носеше без додатоци, без чанта, освен со обетки и прстени. „Smokey“ шминката пак, и природните усни го надополнија природниот изглед.

Инаку, и Кејт Мидлтон носеше модно парче, поточно капут, од Масимо Дути пред неколку месеци.

x

Check Also

Топ 9 модели на есенски кратки чизмички од ZARA

Популарната шпанска модна марка Zara ни носи низа модели на чизми за ...