Кралски изглед на денот: Летиција од Шпанија во црвен костум, црвен изглед од глава до пети

Оваа нијанса ѝ е омилена на шпанската кралица, таа е една од нејзините четири модни аса.

За деловна обврска во Мадрид, модерната кралица повторно ја облече комбинацијата која веќе еднаш ја носеше од колекцијата дизајнирана за есен/зима 2017 од еден од нејзините најомилени шпански модни креатори Роберто Торета.

Летиција од Шпанија, заедно со Кејт Мидлтон, се најмодерни европски претставнички на кралски семејства кои најмногу ги следат модните трендови.  Според неодамнешното истражување на Лист, во својот прв извештај за Кралската мода 2020, на пример, интересот за фустаните на Зара вртоглаво порасна откако Летиција од Шпанија во јуни облече фустан од шпанскиот гигант за брза мода, кој чинеше помалку од 20 евра. Фустанот стана најбаран на глобално ниво во изминатите шест месеци.

x

Check Also

Кејт Мидлтон вo плато од „Масимо Дути“ и ѓердан со иницијали на трите деца

Војвотката од Кембриџ се појави во „мама“ верзија на настан на Универзитетот ...