Кралски изглед на денот: Максима од Холандија во црвена модна комбинација од глава до пети

49-годишната кралица присуствуваше на настан во Утрехт облечена во тотален изглед во црвена нијанса: од фустан до палто со цветни апликации до чизми и чанта.

Максима од Холандија е меѓу најексцентричните и најмодерните европски кралици, ако се исклучи кралицата Елизабета која ги носеше сите можни палети на бои. Во споредба со Летиција од Шпанија, Матилда од Белгија и англиските принцези,  Максима е таа што најмногу си игра со смелите бои кога е во прашање модниот изглед. Ја сака жолтата нијанса, портокаловата и, се разбира, црвената. Понекогаш знае да облече и модни парчиња во зелена боја, а сите овие нијанси совршено ѝ прилегаат на тенот. И во сите, изгледа неверојатно елегантно!

Модната комбинација е надополнета со необични, ама прекрасни, предимезнионирани и колоритни обетки.

x

Check Also

Кејт Мидлтон вo плато од „Масимо Дути“ и ѓердан со иницијали на трите деца

Војвотката од Кембриџ се појави во „мама“ верзија на настан на Универзитетот ...