Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат се појави во истата плисирана црно-розова сукња со висок струк која ја носеше неодамна на доделувањето на наградите на XII издание на социјалните проекти, но во сосем различна модна комбинација.

Сукњата е од модната марка Raiss, со должина под колената, а Летиција покажа дека ваквиот тип на здолништа одлично можат да се комбинираат и со високи класични чизми, како и со салонки на високи потпетици.

Наместо џемпер во бледо розова нијанса, сега ја видовме во црн џемпер од велур и високи црни чизми.

x

Check Also

Меган Маркл го доби случајот во спорот со британските таблоиди

Меган Маркл (39) победи во случајот против британските весници: Британските таблоиди не ...