Кралски изглед на денот: Ранија од Јордан во „туристичка“ верзија

Кралицата Ранија од Јордан присуствуваше на денот посветен на локалното занаетчиство со нејзината ќерка Имам (23).И двете носеа многу необична облека.

Ранија од Јордан наполни 50 години на 31 август. Секогаш беспрекорна во изгледот и дискретна, таа е многу сакана во нејзината земја. Исто каква што е и американската кралица Нур, која неодамна присуствуваше на свадбата на нејзината ќерка, принцезата Рахија од Јордан,( 34) која се омажи за британскиот новинар Нед Донован во Англија. Неодамна, Ранија од Јордан присуствуваше на еден ден посветен на локалните занаети со својата 23-годишна ќерка Имам.

Мајката и ќерката биле во официјална посета на селото Ум Каис во Ирбид, но сепак нивниот обичен изглед направи да изгледаат како двајца туристи. По лекцијата за ткаење на традиционалните шалови и плетените корпи, Ранија и Имам ја посетија Галсумската кујна каде што „научија“ да направат типични бисквити, најчесто подготвени за да го прослават крајот на Рамазан.

За овој повод кралицата носеше свилена розова блуза со бели полка точки , ленини панталони со должина до глуждовите и бели патики. Нејзината ќерка пак, беше облечена во фармерки и кошула во нијанса на песок. И двете носеи и заштитни маски.

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...