Кралски изглед на денот: Софија од Весекс ја копира Меган Маркл

За премиерата на филмот Sulphur & White, во Лондон, грофицата од Весекс носеше многу тесен смарагден свилен фустан кој потсетува на здолништето што го носеше војвотката од Сасекс еден ден пред „разводот“ од кралското семејство, односно на 18-ти јануари.

Дури и меѓу војвотките и грофиците има копирање. Или, подобро: преземена инспирација. Така, грофицата Софија од Весекс (55), сопруга на четвртото дете на кралицата, Едвард, одбра моден изгледот многу сличен на оној на Меган Маркл (38).

Речиси ист е и изборот на чевли – Џими Чу.

Инаку, фустанот кој го носи Софија е од Галван и чини околу 1.350 фунти.

x

Check Also

Меган Маркл критикувана од Холивуд за документарниот филм на Дизни: Непотребно помпезна, како патка во езерце…

Војвотката од Сасекс беше студено пречекана од филмските критичари: таа беше наречена ...